Над половина милион евра од казни за загадувачи
25 прекршочни пријави за компании кои го загадувале воздухот и животната средина поднел Државниот инспекторат во првите 6 месеци годинава.
Најмногу казни биле изречени во јануари и февруари, а посочените фирми треба да платат вкупна казна од 556.000 евра.
- 180,000 евра за „Цементарница УСЈЕ“, 180,000 евра за ЈСП Скопје, 110,000 евра за Пејпермил Кочани, 76.000 евра за ВЕ-ГРУП ДООЕЛ, Радовиш, 10,000 евра за Флауер Пауер од Вевчани, изјави Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Првиот човек на Инспекторатот посочи дека поднеле кривична пријава до охридското обвинителство за непознат сторител поради излевање нафта во езерото кај во Студенчишки канал. Против неколку јавни водоводни претпријатија постапките се во тек.
Директорот нагласи дека и летниот период поради палење на нестандардните депонии имало загадување на воздухот во Аеродром и Скопје, Охридско и Полог. Од инспекторатот се сомневаат на намерно потпалување и реагираат на несоодветно постапување на овластените инспектори при општините.
- Симптоматично е како сите нестандардни комунални депонии беа опожарени во краток временски период, рече Стојковски.
Директорот на Инспекторатот се пожали и на долгогодишниот проблем со малиот број инпектори, од 25 дури 16 се над 55 години. И покрај тоа од планирани 907 реализирале 1072 инспекциски надзори за половина година.
Инспекторатот и јавноста се згрозени од информацијата дека утринава во Жировница биле застрелани мечка и две мечиња кои ги пронашла Ренџерската служба на Националниот парк Маврово. Инаку во Македонија е забранет лов на мечки.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар