Како македонската дијаспора во Европа се организира за изучување на Македонскиот јазик?
Македонскиот јазик ќе се учи во Норвешка. Одржан првио час по мајчин јазик за децата на македонските иселеници. Амбасадорот Дритон Кучи ги повика родителите од дијаспората во Норвешка да ги запишат своите деца да го учат мајчиниот јазик во ова училиште. Истовремено основано е и македонско православно здружение.
Денес ги посетив децата од училиштето по македонски јазик, кои заедно со професорките Ана и Андриана, ќе го изучуваат мајчиниот јазик. Училиштето на македонски јазик и основањето на македонското православно здружение, се битни елементи и моменти во организирањето и консолидирањето на македонската дијасора во К. Норвешка, како едни од моите приоритетни залагања во овој мандат.
Помош и поддршка амбасадорот добил од МПЦ ОА и Дирекцијата за Иселеништво. Митрополитот Европски Пимен за Сител вели ова е еден од најпозитивните примери, но не и единствен. МПЦ ОА отстапува црковен простор ширум Европа за нашинците и нивните деца да добијат можност да го изучуваат македонскиот јазик.
За дијаспората формирани се 27 црковни општини ширум Европа, во православните храмови се одржуваат богослужби за верниците, со цел негување и зачувување на традицијата и обичаите на нашиот народ.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
