Рот не се сретна со Мицкоски
Пратениците да ги гласаат измените во Уставот бидејќи граѓаните се нетрпеливи земјата да го продолжи патот кон ЕУ, порача Рот по средбата со министерот за надворешни работи. Германскиот пратеник вели евроинтеграцијата не е само од интерес на државата туку и на ЕУ. Уверува дека никој од страна нема право да одлучува за идентитетот, тоа граѓаните го прават сами.
За планот од шест точки кој Рот го презентираше во парламентот вели не знае дали ќе биде прифатлив од останатите членки, но Владата на Германија е согласна за повеќе можности и тргање на политиката на едногласност. Османи порача измените ќе доведат до отворање на третото и четвртото поглавје, а поддршката која во континуитет ја добиваме од Германија е фаворизирање на нашата позиција во спорот со Бугарија.
Државата е време одлучно да продолжи кон исполнување на стратешката цел порачал Рот на средба со премиерот Ковачевски.
- Северна Македонија треба да ја препознае важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа и затоа од пресудно значење е да се направи исчекор во евроинтеграцискиот процес кој за граѓаните ќе обезбеди сигурна европска иднина. Германија гледа на Северна Македонија како неизоставен дел од Европската Унија, земја чии аспирации и напредок заслужено треба да бидат наградени со членство во големото европско семејство, велат од Влада.
Албанската опозиција иако смета дека врвен приоритет се уставните измени, не верува дека се искрени намерите на власта во овој процес. Вo Tема на денот, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, обвини дека владејачката коалиција која пропагира европски вредности, ги злоупотребува истите само за да носи закони со кои ќе се одржи некој ден повеќе на власт.
- Измените ги очеуваме долго време, три години ги најавуваат дека имаат пратеници, но очигледно чекаат 61 за да продолжат со скандали. Секојдневно злоупотреба на европското знаме. Правната држава не функционира. Се руши угледот како Демократско движење велиме приорите се уставните, но не веруваме дека власта има таква намера туку сака по секоја цена да остане за да продолжи со уривање на правниот поредок, кажа Меџити.
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг оствари средби со пратениците, спикерот на парламентот, владини претставници, но не и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на ставот на Мицкоски за уставните измени, Рот вели ги разбира сите критики, но на крајот не треба да се дозволи ваквите ставови на крајот скапо да ги чини граѓаните.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
