Штрајкот на судската администрација ставен во мирување
Судската администрација ќе продолжи со работа но и со протестите. Штрајкот го ставија во мирување поради преговори со надлежните. Доколку во законскиот рок за дијалог не бидат исполнети нивните барања, ќе одат на генерален штрајк. Наместо предвидените 10, бараат за 30 отсто зголемување на платите.
Незадоволни се и што им се скратени додатоците на плата, а за сметка на тоа функционерите си обезбедиле повисоки примања за 78 проценти.
Протестираше цела администрација од кривичниот суд. Велат обемот на работа постојано се зголемува, а немаат доволно стручни соработници. Порачаа дека се неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.
Поддршка добиле од здружението на судии и адвокатите но ги повикаа да излезат и заедно да протестираат утре пред кривичниот суд.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
