Судската администрација бара да бидат вклучени во работната група
Вработените во судската администрација денеска ги радикализираа протестите, ја блокираа раскрсницата кај „Мавровка“, оти Владата не им ги исполни барањата за покачување на платите од 78% и враќање на додатокот за работа од 35%.
„Не престануваме. Бараме оваа неправда под итно да се исправи. Односно, да се покачат платите на судската служба бидејќи во спротивно ќе најавиме штрајк и ќе ги блокираме сите судови низ цела Македонија“, изјави Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судската администрација.
„Ние сме во фаза кога не размислуваме со главите, туку размислуваме со стомаците затоа што 10% што ни го дадоа декларативно, фактички си го вратија со зголемување на ДДВ-то и на тој начин не оставија со празен џеб“, кажа Ивица Бошевски, Независниот синдикат на граѓански суд.
Синдикалците информираа дека се обратиле и до амбасадата на САД, холандска и германската амбасада бидејќи власта нема слух за нивните барања.
Тие веќе седми месец бараат решение за ниските плати. Откако се зголемија фунцкионерските за 78%, месечната ллата на еден судија практично содржи шест плати на судски административци.
Незвисниот сидникат бара и тие да бидат вклучени во преговорите на работната група каде според планот владата сега се вклучени само претставници на УПОЗ. Според првичните најави работната група треба да биде фомирана до утре.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
