Македонија
13. October 2023 - 16:33

Ако не добие аргументи, Мазнева најавува судска разрешница во „двобојот“ со Арсовска

Екс-директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје , Косана Мазнева Николиќ не работела според програмата на Градот и затоа била разрешена од функцијата, тврди денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа гарантира дека при донесувањето на одлуката немало никакво политичко влијание. 

Арсовска веќе го именувала Гоце Трајковски за нов в.д.  директор и тој почнал со раководењето на претпријатието. Разрешената директорка Мазнева Николиќ во телефонски разговор за „Сител ТВ“ вели дека доколку Арсовска не даде аргументиран став за нејзиното разрешување, ќе побара судска разрешница за случајот.  

Разрешувањето на Мазнева Николиќ доаѓа три месеци по протестите во комуналното претпријатие, кога градоначалничката Арсовска за неа рече дека е храбра жена која се спротивставува на мафијаши. Екс директорката потпиша менаџерски договор со Град Скопје пред четири месеци.