Македонија
18. October 2023 - 16:53

Утре УПОЗ на голем протест

„Ако не ни ги исполнат барањата, следува целосна блокада на судството“, се заканија денеска од УПОЗ.

Трпе Деановски за Сител ТВ кажа дека ако до крајот на работната недела, формираната група не започне со преговори за покачување на платите на административците во правосудството, од петок ниту итните случаи нема да бидат обработувани во обвинителствата.

За утре, од Синдикатот при УПОЗ најавија голем протест со почеток од 11 часот на вработените во Јавните обвинителства од целата држава. Тие бараат покачување на минималната плата од 78% и враќање на додатокот на плата од 35%.  

И додека владее молкот на Министерството за правда на темата, судските административци веќе седми месец се на „улица“, барајќи усогласување на нивните плати со оние на функционерите.  

Ниту од Влада не одговорија на прашањата на Сител ТВ во врска со тоа кога работната група ќе го има првиот состанок за изнаоѓање решение за покачување на платите на судските административци.