17 ден од воениот конфликт меѓу Израел и Палестина
Израелско палестинската војна влезе во 17ден, но може да трае со месеци, истакна министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, дополнувајќи дека по оваа војна нема веќе да постои Хамас.
Израел рано утрово го гранатираше Либан, соседната земја од каде што дејствува Хезболах. Ракети на израелската армија погдоија цели на југот од Либан каде што се сместени војниците на Хезболах. Во Газа пак изминатото деноноќие биле погодени дури 320 цели, а палестинските власти информираат за голем број жртви и повредени.
Израелски авиони нападна две ќелии на Хезболах во Либан, кои планираа да лансираат противтенковски ракети и ракети кон Израел, соопшти израелската војска, додека борбите се разгореа на заедничката граница на двете земји.
Хезболах соопшти дека еден од нивните борци е убиен, без да наведе детали.
Во меѓувреме, во Газа преку Египет влезе нов конвој со хуманитарна помош за цивилното население.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика на прекин на конфликтот со цел да се овозможи континуирана испорака на хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа.
Сега најважно е хуманитарната помош да стигне во Газа. Тоа го побара генералниот секретар на ОН. Сметам дека е неопходен прекин на конфликтот од хуманитарни причини, рече Борел.
Првите луѓе на САД и Израел, Бајден и Нетањаху соопштија дека е постигнат договор за непречено движење на хуманитарната помош од Египет во Газа во следните денови.
Утрово со соопштение се јавија и земјите членки на организацијата Квинта, односно Франција, Италија, САД, Велика Британија, Германија и Канада кои изразија поддршка за Израел и неговото право да се брани, но исто така го повикаа да се придржува до меѓународното хуманитарно право и да ги заштити цивилите.
Инаку, во Тековниот палестинско израелски конфликт досега животите ги загубија над 6.100 луѓе од двете страни додека ескалацијата на насилството влезе во 16-тиот ден во неделата.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
