Клучна недела за дијалогот Белград - Приштина
До крајот на неделава е можно надминување на ќорсокакот во процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Неодамнешните случувања во Бањска се тема на состанокот на шефови на дипломатиите на ЕУ кој се одржува во Луксембург. По средбите со Вучиќ и Курти, на кои големата петорка ги слушна барањата на Белград и Приштина се наведува дека ова може да биде клучна улога за дијалогот меќу двете држави.
Од Косово се бара прифаќање на нацртот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, а Србија ќе треба да ги исполни обврските од договорот за нормализација на односите, вклучително и анекс договорот од Охрид. Дали тоа е прифатливо за Вучиќ и Курти ќе се знае неделава, за кога се прогнозира дека можно е двајцата лидери да имаат и средба во Брисел.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
