Loading Video...
Свет
23. October 2023 - 16:34

17 ден од воениот конфликт меѓу Израел и Палестина

Израелските власти се заканија дека воените дејствија ќе траат до целосно уништување на исламистичката организација Хамас. Операцијата во Газа, велат е од егзестенцијално значење за Израел, а копнената офанзива ќе биде последниот воен судир со припадниците на Хамас.

„Има неколку точки каде се собираат терористите во пресрет на следните фази од војната. Наша задача е да ја намалиме заканата.. Сега работиме на подобрување на нашата подготвеност и способност за да ја извршиме копнената акција во Газа“, изјави Даниел Хагари, Претставник на израелка армија.

Во меѓувреме Израел го гранатира и Либан од каде дејствува шиитската паравоена организација Хезболах. Целта на авионискиот напад, велат бил да спречи лансирање на ракети кон Израел. Во нападот бил убиен еден припадник на Хезболах.

Воздушни напади се реализираат и врз Газа, а како што соопшти Хамас, сите болници останале без гориво, сериозен недостиг има на храна и лекови. Денеска, во појасот влезе и третиот конвој со хуманитарна помош за цивилното население, но според хуманитарните организации, таа не е доволна.

„Бараме отворање на преминот и безбедно влегување на сите камиони со помош. Во нив се сите потребни материјали, вклучувајќи храна и помошни средства, вклучително и млеко за деца и медицински материјали. Над 2,4 милиони луѓе во Газа имаат потреба од оваа помош“, изјави Махмуд Аба Ата, Палестинска Црвена полумесечина.

Непреч дотур на хуманитарна помош побара и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеф Борел. Вели, неопходен е прекин на конфликтот заради хуманитрани причини.

„Првиот ден беше дозволено да влезат 20 камиони. Вчера беа уште 20. Но, во нормални времиња без војна, 100 камиони влегуваат во Газа секој ден. Значи, јасно е дека 20 не се доволни“, изјави Борел, Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Израелско-палестинската војна почна пред две и пол недели. Досега воздушните напади одзедоа над 6 илјади човечки животи. Родителите на децата од Газа пак со мастило им ги пишуваат имињата на телата за полесно препозанавање ако настрадаат при воените напади.