Македонија
24. October 2023 - 16:36

Обединети Нации: За поголем развој на државата, институциите да се справат со дискриминацијата

Македонските институции повеќе работат на еднаквоста како слово  на хартија отколку на имплементација. Иако на чекор до преговори со ЕУ, се уште актуелни теми се дискриминацијата, сегрегацијата, мобингот.  Само тогаш кога европскот суд за човекови права или друга меѓународна установа ќе укаже на недостатоците, се преземаат конкретни чекори. Таков е примерот кој го посочија од службата на народниот правобранител, во однос на  пресудата за сегрегација на учениците роми во основните училишта.

Обединетите нации во земјава имаат 18 активни агенции кои работат на различни полиња, а според нив во секоја област  граѓаните се соочуваат со некој вид на дискриминација при остварување на своите права. 

ОН одбележува 75 години од усвојувањето на Декларацијата за човекови права, на панел дискусијата учествуваа претставници од повеќе државни институции.