Македонија
1. November 2023 - 16:42

Ризикот од терористички напад во Македонија е на средно ниво

Ризикот да се случи терористички напад во Македонија во моментов е на средно ниво. Пред 7-ми октомври, практично пред започнување на терористикиот акт на Хамас врз Израел, во земјата експерите оцениле дека немало закани од овој тип. Oва денеска го соопшти Златко Апостоловски, национален координатор на стратегијата за насилен екстремизам и тероризам.

Нивото на ризик од терористички напад во Македонија е зголемено поради опасноста од активација на џихадиски ќелии. Според информациите на италијанските разузнавачи, на Балканот има околу 20 ќелии со 500 џихадисти. 

Андоновски процени дека е можна ескалација на состојбите во Израел и Хамас во секој момент, но се уште било рано да се коментира дека постоела организирана форма на регрутација на лица од Македонија кои би заминале во воениот конфликт, бидејќи истиот не се проширил во регионот.