Македонија
4. November 2023 - 16:32
Дождот ги израдува земјоделците, ама направи хаос на патиштата
Дождот ги израдува земјоделците. Тој ја ублажи повеќемесечната суша која предизвика дефицит на влага во почвата, по што земјоделците не можеа да ја обработуваат.
И додека земјоделците му се радуваат, дождот предизвика хаос на патните правци во државата. Денешните извештаите на АМСМ нотираа одрони кај село Ругинце и меѓу селата Извор и Иванчишта кај Кичево. Дождот зад себе остави и поплавени подруми во Дебар и излевање на реката во атарот на село Долно Косоврасти.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Маврови Анови, 87 литри на метар квадратен.
Од среда следната недела, синоптичарите најавија нови врнежи од дожд.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
