Македонија
17. November 2023 - 16:39

Протести на јавнообвинителската и судската администрација – сакаат плати како на функционерите

Незадоволни од платите, и со желби да им се покачат колку на функционерите, денеска на улиците повторно протестираа вработените во судската и јавнообвинителската администрација. 

40-тина административци од јавните обвинителства пред Влада си ги повторија своите барања - покачување на платите од 78% и враќање на додатокот за работа од 35%.     

Синдикалците се пожалија оти во новодонесениот Буџет кој тежи 5,5 милијарди евра, не биле предвидени средства за нив.

„Така да господо министри, ќе имате од на единица, ако ни го усвоите амандманот, ќе ви дадеме петка како добра оцена“.

„Ние сме со најниски плати во државата, сакаме достоинствени како на функционерите“, се пожалија и судските административци кои уште од март се на улиците.

Досега претставници на УПОЗ одржаа две средби со надлежните од Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на барањата.