Три случаи на флурона годинава - пациенти истовремено болни и од грип и од Ковид
Педијатри одат во пензија, населени места со повеќе од 2000 жители без матични лекари. Ваква е сликата во државата во сезона на ширење на вирусите. Грипот ги полни болниците, шестмина пациенти досега ја изгубија битката поради компликации од заразата а на пензионери од Богомила, Бузалково нема ни кој да им направи диши - диши доколку имаат здравствени проблеми.
- Педијатрите се веќе во фаза на изумирање на примарно ниво. Педијатар возрасен се пензионираше во Охрид, во Делчево, во Куманово се пензионираа неколку доктори а има и други кои треба да заминат во пензија. Во моментот примарното здравство е клекнато на коленици бидејќи огромен број доктори второвработени одат на специјализација и нема кој да ги замени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Ресен ќе остане само со четворица матични лекари, а во Делчево ако порано биле дваесет сега се преполовени. Доктор Чолакова вели дека многу малку млади сакаат да бидат матични а друг е проблемот што Скопје е најпосакувана дестинација за отворање на ординација. Во поголеми села не само што нема примарно здравство туку нема ниту деца кои ќе им помогнат на повозрасните да стигнат до градовите. Таков е проблемот во Богомила.
- И возот се укина, огромен број сигнализираат дека нема како да стигнат до градот, а тие се повозрасни и нема кој да ги донесе. Системско решение за ваквите проблеми треба. Секој како заврши три години да работат на село а не овака, малку ќе поработат и одат на специјализација.
Поради исполнети болнички капацитети во болниците, многу специјалисти апелираат до пациенти ако не им е сериозна клиничката слика прво да побараат помош кај матичен. Но ситнењето на лекарите од примарното здравство допрва ќе биде проблем за здравствениот систем, предупредуваат од ЗПЛРМ.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар