Македонија
24. January 2024 - 12:35

Гласен текстилец против законот со кој се враќа плата во плик

Синдикалците се противат на предлог-законот, чиј иницијатор е Министерството за труд и социјала, за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, во поедноставена постапка. Земјоделските дејности, градежниот сектор, услужни дејности поврзани со подготовка на храна и сместувачки капацитети се дел од оние кои ќе бидат опфатени со овој Закон. 

- Наместо за се создава здрава средина за бизнисите и да има здрава конкуренција, се форсира сива економија, што не враќа не знам колку години наназад кога се боревме против плата во плик, да биде евидентирана работата, да биде платена соодветно, да немаме сива економија- изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец- Штип

Ампева смета дека враќањето на плата во плик води кон целосна анархија. Новото законско решение им ги одзема сите стекнати права на работниците.

- 12 часа пред да им заврши договорот, може да им се каже дека после истекот на тие 12 часа повеќе не се вработени, додаде Ампева

Се форсира нелојалната конкуренција, зашто останатите сектори ќе мора да ги следат законските регулативи.

- Дискриминарички и во однос на работниците и бизнисите кои не се опфатени со овој предлок – Закон- изјави Ампева.

Освен приватниот, штетите од предлог-законот, ако се усвои, ќе ги почувствува и јавниот сектор. 

- Да ги плаќаме најниските даночни стапки во однос на придонесите од здравствено и пензиско осигурување. Што тогаш ќе се одлева во фондовите, што ќе се одлева во народниот буџет, но и од каде ќе се плаќаат функционерите, министрите, па и нивната гломазна администрација, прашува Ампева.

Ампева ги повика пратениците од сите политички партиии да гласаат против, зашто еден ден ќе мора да ги погледнат работниците во очи.