Македонија
1. February 2024 - 19:54

Вонреден санитарен инспекциски надзор во детска градинка во Берово поради два случаи на салмонела

По утврдување на присуство на бактеријата салмонела кај две дечиња од детската градинка „23 август“ во Берово и извршениот вонреден санитарен инспекциски надзор, затворена е кујната во установата. Потребно е да поминат 48 часа за да се знаат резултатите од земените мостри за испитување од просторијата каде се подготвува храна, а на децата им се носат суви оброци.

- Најдобро е прво да излезат резултатите за да можеме да разговараме дали е одговрност на детската градинка. Ќе излезат со официјален одговор и тогаш ќе можеме и ние да се произнесеме кој е причинителот. Меѓутоа, најважно е што нема други (заразени) дечиња, останува само на тие две- изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Берово

Веднаш ќе биде закажан состанок на УО на градинката и Советот на родители, а инфомациите ќе бидат произнесени пред советниците на општина Берово.