Македонија
5. February 2024 - 12:21

Во штипските градинки недостасува стручен и технички кадар

Педесетина негувателки, воспитувачки, но и помошен персонал недостасува во штипските градинки. Во детската установа „Астибо“согласно критериумите за воспитно-згрижувачкиот процес има потреба од 35 негувателки и воспитувачи. Овој профил на вработени недостасува и во градинката „Вера Циривири Трена“ каде се бараат 12 нови вработувања. Сепак од Министерството за труд и социјала со месеци наназад не даваат согласност за пополнување на испразнетите места.

-Директорите постојано алармират, бараат согласности, меѓутоа не ги добиваат. Како вработените заминуваат во пензија, работните места остануваат непополнети, а бројот на деца е исти во градиннките, такашто навистина треба да си виртуоз за да направиш таков распоред за да не трпи целиоит процес„ изјави Снежана Санева, раководител на Одделение за образование -Штип

За да работат во предучилишните установи потребно е да поседуваат лиценци за негуватели и воспитувачи, но и овде постои проблем.

-Комисијата не се состанува, не ги подготвува тие испити и не се добиваат лиценци. И сега кога би се дала согласност за вработување, може да се соочиме да немаме кадар, бидејќи тие не располагаат со потребните лиценци за да работат во градинките, додаде Санева

Состојбата е слична и во останатите општини од источниот плански регион, за што пред 6 месеци алармираа градоначалниците, меѓутоа до ден денес проблемот останува нерешен.