900 празни работни места чекаат лиценци
Над 900 испразнети работни места по основ на пензионирање за негувателки и воспитувачки во детските градинки на ниво на држава, две години наназад се непополнети, од причина што Министерството за труд и социјална политика не дава согласност за нови вработувања. Не се издаваа ниту лиценци за вршење на оваа дејност, а како последица многу родители не можеа да ги згрижат своите дечиња, зашто точно е утврден соодносот на бројот на децата во клоновите со воспитно негувателскиот кадар.
-Жално е што 2 години буквално молевме за најмалите генерации да го имаат основното право за воспитно згрижувачки процес. Навистина се срамам што живеам во ваква држава во која се молиме за да функционираме согласно Закон-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Со овој акутен проблем е запознаен техничкиот министер за труд и социјала Гоко Велковски.
-Самиот процес се одвива преку Бирото каде се одбира оператор кој го врши лиценцирањето. За жал, договорот завршил, но од завршувањето на договорот до денес не е рапишан нов повик, така што во тој дел е заглавен. Веќе имаме некој модел на решение со кое ќе се откочи целата работа, за да можат луѓето кои поднеле (барање) да се стекнат со лиценца- изјави Гоко Велковски, Министер за труд и социјална политика
Во Струга, негувателки и воспитувачки со години работеле со договор на дело за месечен паричен надоместок од 10 000 денари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар