Македонија
23. February 2024 - 16:44

Замрзнатите цени од март се одмрзнуваат, спасот од поскапување се бара во Законот за нефер трговски практики

Замрзнатите цени ќе се одмрзнат, спасот од поскапувањата ќе се бара во Законот за нефер трговски практики. Одлуката цените на дел од прехранбените производи да се продават со гарантирани цени истекува за една недела.  Од Министерството за економија велат дека мерката нема да има ефект ако се продолжи, бидејќи најдоцна од следниот месец стапува на сила Законот, кој веќе е собрансика процедура. 

 - Законското решение со кое се става ред во нелојалната конкуренција во трговијата и се воведуваат фер практики помеѓу трговците и добавувачите во синџирот со земјоделски и прехранбени производи се очекува следната недела да влезе во второ читање во комисиите во Собранието. Очекуваме ова законско решение кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаме да биде усвоено во најкраток можен рок, се вели во соопштението од Министерството за економија 

Со законот се очекува цените на прехранбените и земјоделски производи да се намалат за најмалку 20 отсо, бидејќи максималниот рабат кој го бараат трговците од добавувачите и производителите, ќе се ограничи на 10%. Во моментов истот достигнува и до 40 отсто. Се укинува и надоместокот кој трговците го бараат од добавувачите за некој производ да биде поставен на одредна полица, а нема да смеат да бараат ниту покривање на трошоците за маркетинг, попусти и акции. Владиниот став е дека со законот ќе се обзебедат фер цени за граѓаните наспроти несразмерното богатење на трговците. 

Сега трговците ќе треба да ги раскинат старите и да склучат нови договори со добавувачите, така што најдоцна за 6 месеци во целост да се применува законот. Казните за тие што нема да го почитуваат законот се движат од 1,000 евра за малите, до 20 илјади евра за големите трговци.