3 милиони денари одвоени за археолошки истражувања на локалитети во штипско и светиниколско
Со буџет од 3 милиони денари, НУ Завод и Музеј Штип ќе ги реализира проектите од годинашната програма за заштита, музеологија и галериска дејност. Фокусот е ставен на археолошките истражувања на познатите локалитети во општина Штип и Свети Николе.
- И оваа година главниот акцент е конзервација на Археолошкиот локалитет Баргала и изготвување на проекти за конзервација на централната базилика и источниот бедем од Баргала. Продолжуваме и на конзерваторските истражувања и изготвување на проекти на Археолошкиот локалитет Билазора во Свети Николе. Оваа година ќе се истражува дел од храмот, еден објект со кружна форма, каде покрај истражувањат аќе се изготви и еден проект за конзервација– изјави Митко Штерјов, директор на НУ Завод и Музеј - Штип
Истражувања ќе има и на локалитети во општина Карбинци, кои се честа мета на дивите копачи. Могилата во село Радање, која датира од доцниот неолит и на Говедарски пат во село Црвулево.
- Таму се наоѓаат повече гробници од различни периоди. Колегите пред 30-тина години истражуваа на оваа локација, па еве после толку години се навраќаме повторно на тој локалитет, каде што морам да посочам дека имаше илегални истражувања, додаде Штерјов.
Предвидени е и изложба за првата медицинска сестра, како и за 80 годишнината од ослободувањето на град Штип. И годинава изостанаа средства за реставрација на Саат кулата и конзервација на тврдината на Исарот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар