Законот за нефер трговски практики нема да го спречи порастот на цените, смета опозицијата
Законот за нефер трговски практики нема да ги намали цените на основните прехранбени производи, затоа што ниту ги регулира маржите за трговците, ниту пак ја гарантира крајната цена за купувачите, смета опозицијата. Маркетите ќе можат да продаваат по цени по какви што сакаат, граѓаните нема да бидат заштитени од ценовен шок, а инфлацијата ќе расте. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе го поддржат овој закон, а за да биде ефикасен сметаат дека ќе мора да се преработи.
Опозицијата предложи да се скрати рокот на прилагодување на новиот закон, од 6 месеци на 30 дена, за да не вивнат цените за тој период. Кога ќе се зголемат, тешко се враќаат назад. Но, заменик министерот за економија вели дека ќе треба време, Антимонополакс Комисја да се екипира со уште најмалку 3 вработувањеа, а во предизборие вработувањата не се можни.
Цените по кои производите сега се продаваат во маркетите се нереални, смета и вицепремиеот Битиќи. На светските берзи цените на суровините паѓаат. Затоа ги повика пратениците што поскоро да го изгласаат законот.
Законот за нефер трговски практики, според власта ќе го реши проблемот со порастот на цените на основните прехранбени производи, кои изминатиот период беа замрзнати. Сега, се очекува уште пратениците на пленарна седница да го изгласаат законот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
