Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
Ги праќаат и плаќаат да студираат на дел од 100те најдобри универзитети според Шангајската листа, но македонските образовни власти не го користат нивниот потенцијал. Од 2012 досега 389 студенти добиле стипендии на престижни факутети во светот. Одат да учат за дејности кои се дефицитарни во Македонија, ама ретко кој добил вработување во државна научна институција.
Овие заклучоци произлегуваат од истражувањето на Младинскиот образовен форум за стапката на успех за доделените стипении. Од МОФ констатирале дека образование воопшто не се грижи за овие студенти, не води евиденција и не ги контактира.
- Практично, поголемиот број на студенти кои имаат заминато во странство се вратени, не се контактирани од МОН и институциите а тие кои се контактирани им се понудени многу непристојни понуди за работа за разлика од нивниот степен на образование, вели Ристо Савески, претседател на МОФ
Годишните финансии што по студент ги плаќа Министерството за образование и наука се 40 000 долари, или 160 000 за четири години студирање. На почетокот кога склучуваат договори е наведено дека ако не се вратат во државата ќе треба да вратат 10 пати повеќе пари од што добиле. Но од 2012 досега не е активирана таква меница, бидејќи според МОФ нема евиденција.
Државата не го искористува овој човечки потенцијал што се создава бидејќи не ги бара по враќање за да им најде работа во државна институтција. Значи се вработуваат во приватни фирми?
– Најчесто да, МОХ нема евиденција или пак остануваат во државата каде студирале, вели Луција Чукаловска, еден од авторите на истражувањето.
Америка, Велика Британија и Холандија се најбараните земји за стипендистите според податоците до кои дошле од Младинскиот образовен форум. А по добиените заклучоци им препорачуваат на властите дека треба да има ревидирање на условите за користење стипендија, поголема информираност и транспарентност.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар