Македонија
11. July 2025 - 12:23

Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026

Универзитетот Гоце Делчев“-Штип го распиша конкурсот за претстојната академска 2025/26 година. За прв циклус студии има 2168 слободни места за редовни студенти, посебна квота за вонредни студенти и оние со кофинансирање. Дел од студиските програми се реакредитирани, има и нови акредитации, а дел се тековни и потврдени во изминатите години.

- Нашите 12 факултети и три уметнички академии имаат околу 80 активни студиски програми на кои што верувам дека студентите ќе можат да се препознаат, Мишко Џидров, проректор за настава, УГД- Штип

- Сигурен сум дека овде ќе имаат можност да добијат образование со европски квалитет, бидејќи прозорите на мобилсност кои ги имавме претходно, сега се зголемени неколку кратно, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип

- Ги повикувам сите матуранти да го погледнат конкурсот и да се пријават во првиот уписен рок, зашто има многу поволности за нив. Така, како и минатите години имаме ослободување од плаќање на партиципација на поголем број студенти, изјави Мишко Џидров, проректор за настава, УГД- Штип

На факултетот по медицински науки ослободени од плаќање партиципација се 20 прворангирани, со успех од средно над 80. Скоро на сите останати факултети има по 10 студенти кои бесплатно ќе студираат. Најголем бенефит има за студентите кои ќе се запишат на Филолошкиот факултет.

- Студиската програма по македонски јазик ги ослободува од плаќање студентите за сите 4 години од студирање, додаде Џидров

Бесплатно ќе студираат и сите спортисти, членови на спортските екипи на УГД.

- Како и студентите кои се лица без родители, лица со инвалидност, воени инвалиди и лица раселени во домови за напуштени деца, изјави Џидров

Првиот уписен рок е од 20-ти до 22-ри август, вториот на 4-ти и 5-ти септември, а третиот на 17-ти и 18-ти истиот месец.