Утре почнува амандманската расправа за буџетот
Стотици милиони евра тежат над 300 амандмани што опозицијата ги поднесе на буџетот за 2025 година. Расправата за нив почнува утре, а ќе трае најдоцна до 30 ноември кога е краен рок за завршување на првата фаза од донесувањето на буџетот.
Најмногу тежат амандманите на СДСМ за покачување на платите во јавниот сектор и безбедносните сили. Голем дел од амандманите на опозициската СДСМ се и од локален карактер.
Околу 40-тина амаднамни поднеле и од опозцискиот Европски фронт на ДУИ. Дури 30-тина од нив се потпишани од Сали Мурати, пратеникот од турската етничка заедница и тоа за вработување на Турци во администрацијата и безбедносните сили, како и за користење на турскиот јазик во јавната управа. Од коалициската ДУИ пак, велат поднеле амандмани за заштита на албанската етничка заедница.
Во меѓувреме, истекува рок од 4 едена за општиот претрес.
За владејачката СПМ пак, добро е тоа што во буџетот за земјделието се предвидуваат најмногу пари до сега.
По амандманската расправа Владата за неколку дена ќе треба да ги направи соодветните измени во буџетот, за тој конечно да биде излгасан од пратениците кон средината на декември.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
