Македонија
11. December 2024 - 16:43

Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница

Пазарниот инспекторат на терен. По реакциите на граѓаните дека цените уриваат рекорди – со засилени контроли проверуваат на што се должи растот.  Откако вчера државната статистика објави дека за еден месец  трошоците за живот се зголемиле за 4,3%, најмногу поради поскапувањето на основните прехранбени производи, власта уверува – новогодишната кошница која ќе стапи на сила од понеделник, ќе ги стабилизира цените.

Во новогодишната  кошница во моментов има над 800 прехранбени производи.  Сите тие ќе се продаваат по најмалку 10 отсо намалени цени.  Нема да бидат опфатени само продуктите  кои на светските берзи уриваат рекорди – како кафето, шеќерот и маслото.  Иако граѓаните не веруваат дека ќе пазарат поевтино, Ристевски го тврди спротивното.

Од Државниот пазараен испекторат велат дека производите кои се опфатени во кошницата  ќе бидат обележани со налепница - Помалку трошоци, повеќе за тебе. Ако граѓаните видат дека не се почитува мерката, ги повикуваат да ги пријават трговците.