Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
Ниту еден данок нема да се зголеми. По препораките на Светска банка за пораст на ДДВ од 18 на 19 отсто, како и покасното одење во пензија, премиерот Мицкоски дециден – оваа власт ќе го штити стандардот на граѓаните. Промена во даночната политика нема да има. Нити еден данок нема да се зголеми. За намалувње на буџетскиот дефицит, решение ќе се бара во сивата економија, односно таа ќе стане дел од формалната.
Најлесен начин е да ги сведеме проблемите на дополнителни давачки на граѓаните. Тоа оваа влада нема да го прави. Ќе се бориме да обезбедиме да останат истите услови на пазарот за истите давачки дури и да ги намалиме тие давачки за граѓаните. Притоа сите оние кои се дел од сивата економија преку мерките кои ќе ги преземеме, ќе ги предупредиме дека треба да бидат пренасочени на формалниот пазар и да преминат во формалната економија за да ги зголемиме приходите во буџетот, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Економијата засега оди добро. За 6 месеци, има нови 8 странски инвестиции кои ќе отворат 2.800 работни места, задоволен е премиерот. Се исполнуваат и барањата кои странските компании и ги испорачаа на власта во септември, дури и побрзо отколку што се очекувало, вели претседателот на Советот, Мизо.
Случувањата во германската економија, посебно во автомобилскиот сектор, ќе се рефлектираат и кај нас. Ќе има намалување на нарачките, пад на профитите, како и рационализација на трошоците... Сепак, според Мизо, засега не може да се предвиди во кој обем ќе влијаат врз македонската економија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
