Македонија
17. December 2024 - 12:24
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
Масовната урбанизација со години го менува ликот на градот. Потребни се итни мерки пред доаѓањето на новата мисија на Унеско бидејќи се губи автентичната архотектура ,во стариот дел на градот треба да бидат отстранети 200 клими уреди ,соларни панели и антени а голем е бројот и на доградби, бесправно изградени настрешници и гаражи.
Професорската фела смета дека системот мора да проработи а тоа е засилена контрола на она што се гради во склад со просторот.
Градот Охрид, којшто е на Листата на светско наследство на УНЕСКО, со години наназад се соочува со критики и опасност да го изгуби статусот поради прекумерната урбанизација и недоволната заштита на езерото.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
