Иванов за Билд: Македонија не е на масата, но е на менито кога се разговара за мигрантите
Македонија не е на масата, но е на менито, вака претседателот Иванов за германски Билд ја пренесува актуелната состојба на преговори помеѓу ЕУ и Турција, во кои Македонија повторно остана заборавена. Иванов за Билд посочува дека уште еднаш Македонија е оставена на цедило, а земјата повоторно плаќа грешка на унијата.
- Не е прв пат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ.25 години сме лажени и манипулирани. Веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро!
Македонија која не е членка ниту на ЕУ ниту на НАТО, во бегалската криза ја штити Европа од европска земја. Така наречени бегалци, тврди Иванов со лажен идентиет патуваат кон Европа, а и покрај понудената помош, западна Европа, според Иванов ја одбила соработката со Македонија. Затоа бегалците сега чекаат авиони да ги однесат до германија. Иванов порачува дека нема да дозволи Македонија да ги плаѓа туѓите грешки, зошто и овој пат се покажало дека Грција од ЕУ добива се што ќе посака.
-Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта! Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти.
Иванов во интервјуто порачува дека е скептичен по однос на понуденото решение од Турција. Јасно е тврди македонскиот претседател дека кризниот менаџмент на ЕУ не функционира, унијата не може со месеци да организира самит, а со тоа проблемот само расте наместо да се намалува.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
