Македонија
8. May 2025 - 16:32

Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар

Жителите на Центар добија нова градинка со модерни услови за згрижување на дечиња. Пролет е објект кој општината го почна пред 3 години а денеска со претстава на најмалите беше пуштен во употреба.

Градинката има капацитет за 173 деца од предшколска возраст и јасли. Со современи тоалети и туш кабини, простории за дневен престој, кујна, 9 занимални. 

Герасимовски вели ова е само еден од реализираните проекти, општината паралелно работи на доградба на училиштето Коле Неделковски, реконструкција на салата Работнички, системот Смарт сити со поставување на околу 5.000 паметни светилки низ целата општина.