Loading Video...
Свет
11. May 2025 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Во Албанија денеска се одржуваат 11ти по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои право да гласаат имаат 3.721.116 избирачи. На овие избори за првпат право да гласа има и албанската дијаспора, која се чини ќе има големо влијание врз конечните резултати.

Новите 140 пратеници, колку што брои Законодавниот дом, по првпат се избираат по принцип на затворени листи, што значи 92 сигурни мандати и 48 преку отворени листи.

Премиерот Еди Рама и неговата владејачка Социјалистичка партија (СП), која коалицира единствено со партијата на Македонците, се борат за четврт последователен мандат, додека Сали Бериша, како втора најсилна политичка сила, ќе се обиде да се врати на власт.

Најмалку 21 патник во автобус што превезувал аџии загинаа, а 24 други беа повредени во централна Шри Ланка, кога возилото паднало во клисура, изјави заменик-министерот за транспорт. До несреќата дошло откако возачот изгубил контрола над возилото.

Несреќата е втора најсмртоносна во државата откако пред 20 години во судар меѓу воз и автобус, загинаа 37 лица. Годишно на патиштата во Шри Ланка гинат по 3 илјади луѓе.

Новоизбранито папа Лав 14 го одржа својот прв говор. „Никогаш повеќе војна!“ рече Лав од балконот на базиликата „Свети Петар“.

Новоизбраниот папа, исто така, апелираше за вистински и траен мир во Украина, како и за прекин на огнот во Газа и ослободување на сите израелски заложници.

Во исто време, Лав 14-ти го поздрави примирјето постигнато меѓу Индија и Пакистан и додаде дека се моли на Бога да го дарува светот со „чудото на мирот“.