Македонија
17. May 2025 - 16:39

Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии

Дури 30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии. Половината од нив не се откриени. Не лекуваните состојби можат да доведат до сериозни последици за мајката, бебето, но и целото семејство, предупредуваат од Клиниката за психијатрија.

За да навреме да се откријат и третираат во неделата посветена на женското здравје беше промовиран прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувањата на менталното здравје кај жената кога е во овој период.