Сиљановска-Давкова: И папата Лав 14 и претседателот Матарела се наши големи пријатели

И Папата Лав 14. и претседателот на Италија Серџо Матарела велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека на патот на нашиот евроинтегративен процес нема да ги заборават принципите на Европската унија, изјави македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова по завршувањето на аудиенцијата кај папата и средбата со италијанскиот претседател во рамки на посетата на Рим и Ватикан.
Таа, како што рече, на средбите потсетила на тие принципи, бидејќи, нагласи, Европска унија без принципи и вредности не може да биде филозофија, престижна и инспиративна заедница. Како што јави известувачот на МИА, македонската претседателка потсетила и на потребата да се седне културно со соседите, во случајов со Бугарија и да се најде решение за проблемот.
Претседателката Силјановска – Давкова претпладнево, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14, кому му подарила Длабока резба со мотив „Гроздови“, а тој нејзе и подарил жена симбол на Јустиција.
По завршувањето на аудиенција, претседателката Силјановска – Давкова имаше средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Подарокот за кардиналот Паролин беше Златна ритуална маска, која е дел од раскошните предмети, користени како прекривка на телото, во практиката на погребниот култ.
Потоа, македонската претседателка се упати во претседателската плата каде имаше средба со претседателот на Италија Серџо Матарела.
Ново на Сител
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
