Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум

Британецот Вишваш Кумар Рамеш (40), единствениот преживеан од уривањето на авион на Ер Индија во Ахмадабад, контактирал со семејството и им соопштил дека е „во ред“, изјави неговиот братучед Ајеј Валги за Би-би-си њуз.
Според весникот „Хиндустан Тајмс“, Рамеш преживеал, а Валги додаде дека тој бил сместен до својот брат на летот и дека има сопруга и мал син дома.
На прашањето дали Рамеш е единствениот преживеан, Валги рече: „Да, чувме така, но не можеме да потврдиме сè додека не добиеме официјална информација“. Тој истакна дека семејството е среќно што Рамеш е жив, но длабоко тажно поради судбината на неговиот брат. „Не ни е добро, сите сме вознемирени“, рече Валги, додавајќи дека чекаат информации за она што се случило со братот на Рамеш. „Многу сум вознемирен, тој не ми е само братучед, туку и брат и најдобар пријател“, изјави тој.
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
