Македонија
18. јуни 2025 - 12:17

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар. Според лекарите главни причини за оваа здравствена состојба се стресот, нередовната и нездрава исхрана. Карактеристично е што посебно се почести во лето, а и после Ковид пандемијата.

- Наглите промени се првата причина за варијација на крвниот притисок, дали ќе биде многу покаќен или многу низок. Зголемен број на мозочни удари има после Ковид пандемијата. Се уште во светски рамки тоа се докажува, ќе се покаже и во иднина, зашто нови статистики секојдневно излегуваат во медицинските списанија, изјави д-р Драган Миновска – Рунтева, КБ- Штип

Како превентива, лекарите советуваат зголемена физичка активност во утринските и доцните попладневни часови, за да се избегнат топлите интервали од денот, кога сончевото зрачење е најсилно. Ова осебно се однесува за лица со хронични заболувања.

- Кога се чувствува дека не му е добро ќе си седи дома. Исто така, многу е важана физичката кондиција, исто како и здравата исхрана. Контролите се многу важен дел, но се смета дека некој кој е на терапија има и редовни контроли, додаде д-р Миновска – Рунтева.

Симптомите кои укажуваат на мозочен удар се ненадејни промени во видот, болка во градите, отежнато дишење, проблем со говорот, ненадејна болка во грбот, вкочанетост или слабост, по што веднаш треба да се побара лекарска помош.