Loading Video...
Македонија
4. August 2025 - 16:39

Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања

Иако премиерот на натпреварот Македонија-Романија не ги слушнал националистичките скандирања, бидејќи станувало збор за мала група на навивачи која не добила поддршка од останатите присутни во салата , сепак најостро ги осуди ксенофобичното и наицоналистичко скандирање против албанците на трибините.

Би сакал да ја искористам приликата и да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрво на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски и да го бодрат својот тим и националниот тим. Тоа е она што оваа влада го поддржува, а сè останато ќе биде предмет на истрага и санкции без разлика од која страна доаѓа.

Министерот за спорт пак вели дека како министерство не можеле да реагираат бидејќи скандирањето не доаѓало од спортски субјект, туку од навивачи, а тие немаат ингеренција да реагираат кога доаѓаат вакви скандирања од навивачи. Како министерство можат да ги едуцираат навивачите, вели Ристовски.

Ние ќе работиме најнапред на едукација на навивачките групи, навивачите дека секој има право да ја поддржува својата екипа, својата репрезентација, но дека вакви немили настани не смее да се случуваат. Од позиција на Министерство за спорт ние не можеме ништо друго освен да ги едуцираме и да апелираме“.

Од ДУИ за настанот велат дека не бил спортски инцидент, туку ужасна манифестација на етничка омраза толерирана од највисоките државни функционери кои биле присутни во салата- премиерот, министерот за внатрешни работи, градоначалникот на Куманово, вицепремиерот Стоилковиќ.

За разлика од времето кога ДУИ беше дел од власта и ваквите случаи се прикриваа и игнорираа, денес државата реагира брзо, решително и транспарентно, реагираат од ВЛЕН.

Обвинителството отвори постапка за истражување на говорот на омраза на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија во саботата, кој се одржа во реконструираната спортска сала во Куманово. Отаму велат дека е издадена наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот за да се идентификуваат сторителите.

Неколку лица во текот на вчерашниот ден се повикани на службен разговор во врска со инцидентот ,на кој беа регистрирани скандирања со навредлива содржина, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи на (СВР) Куманово.

Скандирањето го осудија и политички партии, граѓани, општина Куманово, МКФ. Осуди за ксенофобичните скандирања против албанците испратија и претседателката на Косово, како и претседателката на албанското Собрание кои што побараа институционални реакции.