Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
Растат трошоците за живот. Синдикатот пресмета дека на 4 члено семејство месечно ќе му требаат речиси 64.700 денари за да ги задоволи основните потреби, што е за 800 денари повеќе во споредба со мај. Најголемо поскапување има кај храната и пијалоците, кои за еден месец поскапеле за над 700 денари. Сега за оваа ставка домаќинствата ќе треба да одвојат над една третина или 23.167 денари. Цените ќе продолжат да растат, сметаат од ССМ. Затоа бараат итна реакција од власта.
Гледаме дека кај храната и пијалоците поскапувањето е најголемо. За еден месец за 733 денари, а за два за 1.600-1.700 денари, што знали дека за два месеци храната и пијалоците поскапеле за над 2,000 денари. Време е за конкретни мерки и чекори. Конкретни мерки на Владата бидејќи додека траеа мерките имаше некакво стабилизирање на цените, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.
Премиерот неделава најави дека се прават анализи и наскоро ќе бидат објавени мерки ако растот на цените продолжи. Без замрзнати цени и маржи, нема да остане никој од државата, сметаат од ССМ. Додека платите во регионот растат, кај нас домаќинствата нема да можат да врзат крај со крај.
- Согласно минималната плата денеска просечната дневница на работникот по час изнесува 145 денари, што е најниска, најмизерна плата во споредба со сите земји, па и со регионот. Доколку ова не е алрам, за два, три месеци нема да остане никој во државата. Ќе видиме одлив на работна сила, ако работодавачите не го згоелмат платите, а владата не реагира со мерки, додава Пешевски
Инаку денеска државната статистика објави дека во април се зголемила просечната плата за скоро 700 денари во споредба со март и истата изнесува 45,452 денари. Зголемувањето се должи на повисоките плати во здравството, образованието и администрацијата, каде согласно Колективните договори вработените добија покачување за околу 15%.
Статистиката пресмета и дека просечната нето плата за една година се зголемила за 10 отсто, додека реално порастот е скоро 6%.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар