Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
Министерот за здравство ќе ги пренасочи вработените од клинички да паркираат на приватното паркиралиште во Лимак. На овој начин Алиу планира да ослободи повеќе простор за граѓаните. Се работи за околу 300 паркинг места од вкупно 2500 вработени. Во меѓувреме министерството прави мапирање на просторот а во план е да бидат поставени и интерактивни табли за полесно движење во кругот на клиничкиот центар. План за долгорочно решение се уште нема, иднината на паркингот е поврзана со иднината на клиничкиот центар.
Меѓу првите работи на кои се фокусира е и да ја промени методологијата на креирање буџет на здравството а најави и платформа со помош на вештачката интелегенција на која секој граѓанин ќе добива брзо одговор на сите прашања.
Министерот вели се уште дека не го екипирал своето министерство и не знае со каков капацитет располага бидејќи голем број вработени користат годишни одмори. Токму поради таа причина и не може да донесе оценка какви се состојбите во здравството од кога стапил на функција.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар