Loading Video...
Свет
22. јуни 2025 - 16:33

САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран

САД ги нападаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран. По двонеделни татктизирања Трамп ја објави првата дирекна интервенција на САД во конфликтот помеѓу Израел и Иран. Користејќи невидливи бомбардери Б-2 Спирит вооружени т.н. „Бункер разбивачи“, во текот на ноќта беа погодени трите нуклерани постојки, меѓу кои и Фордо, најважниот ирански објект за збогатување ураниум. Во обраќање до нацијата Трамп нападот го оцени како спектакуларен воен успех, но порача и дека иднината на Иран сега е „мир или трагедија“.   

Нашата цел беше уништување на капацитетот за нуклеарно збогатување на Иран и запирање на нуклеарната закана што ја претставува државата број еден во светот, спонзор на теророт. Вечерва, можам да му соопштам на светот дека нападите беа спектакуларен воен успех. Клучните објекти за нуклеарно збогатување на Иран се целосно и целосно уништени. Иран, насилникот на Блискиот Исток, сега мора да склучи мир. Ако не го сторат тоа, идните напади би биле многу поголеми и многу полесни.

Иранските власти остро го осудија нападот и предупредија дека САД ќе се соочат со вечни последици. Тврдат дека нуклеарните централи не претрпеле поголеми штети бидејќи биле евакуарни пред американскиот напад. Дека засега нема зголемено ниво на радијација надвор од погодените локации соопшти и Меѓународната агенција за атомска енергија. 

би сакал да кажам дека, во согласност со мерките на претпазливост што ги презедовме и плановите што беа направени за заштита на безбедноста и здравјето на нашите драги луѓе, фала му на Бога, дури и со овој криминален напад, немавме никаква радијациска контаминација или нуклеарна изложеност надвор од нашите локации, а луѓето можат да продолжат со својот нормален живот околу локацијата без грижа, 

Одлуката на Трамп за напад врз Иран ќе ја промени историјата, порача израелскиот премиер.

Претседателот Трамп жестоко го води слободниот светот. Тој е голем пријател на Израел, како никој пред него. Во мое име и во име на израелскиот народ, во име на целиот еврејски народ, му се заблагодарувам од дното на моето срце. И знам, граѓани на Израел - дека зборувам од дното на срцето на секој од вас. Заедно стоиме, заедно се бориме и со Божја помош - заедно победуваме.“ рече Нетанјаху

Светските лидери со поделени реакции по американскиот напад врз Иран. НАТо со загриженост ја следи состојбата, ЕУ повикува на преговори за да се спречи нуклеарна ескалација. На итен состанок утре министрите за надворешни работи на унијата ќе разговараат за следните чекори. Нападот остро го осуди и Русија, а Медведев порача дека повеќе земји се подготвени директно да го снабдат Техеран со своето нукреално оружје.