„Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во гаснењето на пожарот на дивата депонија кај Визбегово. Покрај поддршка од воздух, во гаснењето интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила од „Комунална хигиена“.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот претставува ризик за проширување кон околните површини, а во близина се наоѓаат и станбени куќи.
- Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.
Пожарот избувна утрово, а во првичната изјава дадена за МИА командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески информираше дека интервенираат со четири возила.
Густиот чад од пожарот се гледа од неколку страни на градот, а граѓаните споделуваат слики и видео на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури