Македонија
14. July 2025 - 12:19

Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите

Локалните власти бараат повисоки и поригорозни казни за пироманите. Материјалната штета што е предизвикана од пожарите е огромна, а за санација и рехабилитација на опожарените  предели потребни се години, па и децении. Од голема важност е да се работи и на подигање на јавната свест, но мора да има измени во казнената политика. 

- Пред се да ја подигнеме одговорноста на поединецот, на самите себе. Инспекциите ќе превенираат, превенирале и претходно, меѓутоа треба да се промени регулативата, бидејчи најчесто тие кои се фатени и зиведени пред лицето на правдата поминуваат со несоодветни казни и на тој начин самата репресија, односно казна, не ја постигнува целта. Практично луѓето и понатаму се охрабруваат, говорам за лицата кои се проблематични, но мнозинството граѓани треба да се однесуваат по одговорно кон природата, изјави Звонко Пекески, градоначалник на Берово

Малешевијата и Пајанец, како една регионална целост, пред 4 години ги зафати пожар од невидени размери, за што во неговото гаснење се вклучија и пожарникари од Србија, Бугарија, Словенија и Австрија. Општина Берово во моментот работи на превенција и обнова на возниот парк на пожарникарите. 

- Доброволното друштво беше во Пехчево на обука за справување со пожари. Набавивме нова опрема за пожарникарите. Камиионот кој ни беше донација од Швајцарската агенција за развој и сотработка во моментот има дефект и е пратен на сервис и се надевам дека во наредните 10 дена ќе биде целосно сервисиран. Останатите возила во моментот се технички исправни., додаде Пекески

На опожарените реони беше нанесена ненадоместлива штета на шумскиот фонд, а загрозени се и многу растителени и животински видови.