Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
Собранието му изгласа недоверба на државниот обвинител Љупчо Коцевски со 71 глас за, и без ниту еден против со што ја потврди интерпелацијата поднесена од опозициската Левица.
Коцевски е првиот државен обвинител кој е со потврдена интерпелација. Дали ќе остане на функцијата сега зависи од него, но и од тоа дали Владата ќе ги искористи собраниските заклучоци за да го оконча неговото разрешување, како што бараше пред трагедијата во Кочани.
Според поднесителите на интерпелацијата, Коцевски бил под политичко влијание и на претходната, но и на актулената власт. Лошо го срочил обвинението за Кочани бидејќи сите обвинети се товарат со исто дело за предизвикување на смртните последици од пожарот иако тоа не возможно за претходните носители на власта. Обвинуваат и за хаос во Вишото јавно обвинителство.
Но гласовите на Левица се далеку од доволни за потврдена интереплација. За неа гласаше и владејачкото мнозинство. Иако не дебатираа на седница, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди претходно се изјаснија дека ќе дадат поддршка.
Интерпелацијата доби поддршка и од опозициското крило на Таравари.
Опозициските СДСМ и ДУИ не гласаа. Од партијата на Филипче сметаат дека интерпелација за обвинител не е возможна бидејки се работи за барање за политичка одговорност. Му порачаа на Коцевски да продолжи да работи неселективно.
Од ДУИ пак, иако се незадоволни од работата на Коцевски не гласаа бидејки претходно власта не ја дозволи нивната интерпелација за претседателот на Уставниот суд.
Коцевски не го искористи своетот право да одговара директно на прозивките на пратениците, но одговори писмено дека не постапувал селективно во случајот со Кочани, не бил под политичко влијание, а и смета дека интерпелацијата за него е незаконска бидејки се работи за функционер од судската власт.
Љупчо Коцевски беше избран за обивнител во февруари 2024 година во време на претходната власт. Година подоцна власта на ВМРО-ДПМНЕ почна постапка за негово разрешување, но таа беше прекината поради трагедијата во Кочани.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар