ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат
Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) денеска соопшти дека во Појасот Газа влегува само околу 50 отсто од бараната хуманитарна помош, и покрај најавите за секојдневни хуманитарни паузи во борбите
– Откако во неделата почнаа хуманитарните паузи, во Газа влегува приближно половина од помошта што ја бараме, изјави Рос Смит, претставник на ВФП.
Според проценките на ВФП, речиси 470.000 луѓе се наоѓаат во услови слични на глад, меѓу кои 90.000 жени и деца на кои им е потребна специјализирана исхрана.
Интегрирана класификација на фазата на безбедност на храната (ИПЦ) денеска предупреди дека во Газа се развива најлошото можно сценарио на глад и дека се потребни итни мерки за да се прекинат борбените дејствија и да се овозможи непречен, обилен хуманитарен одговор кој е од животна важност.
„Ова е единствениот пат да се запре понатамошното умирање и катастрофалното човечко страдање“, се наведува во предупредувањето на ИПЦ, која соработува со владите, меѓународните организации и агенциите на ОН во проценката на обемот на глад кај населението.
Според официјалните критериуми на ИПЦ, глад се прогласува кога најмалку 20 отсто од населението страда од екстремен недостиг на храна, секое трето дете е акутно неухрането, а најмалку две лица на 10.000 жители дневно умираат од последици на глад, неухранетост или болести поврзани со исхраната.
Министерството за здравство во Газа наведува дека од глад досега починале најмалку 147 лица, вклучувајќи 88 деца, повеќето во текот на последните седмици.
Според податоците на ИПЦ, за задоволување на основните потреби во Газа потребни се 62.000 тони основни намирници месечно.
Меѓутоа, според израелската агенција за координација на помош, ЦОГАТ, во мај влегле само 19.900 тони, а во јуни 37.800 тони.
Смит додаде дека ВФП моментално нема доволни залихи ниту дозволи за повторно отворање на пекарниците и заедничките кујни, кои пред целосната блокада на Газа во мај беа од клучно значење за исхраната на населението.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска изјави дека „ситуацијата во Газа е тешка“, но ги обвини меѓународните актери за „лаги за глад“.
Тој тврди дека во Газа влегле 5.000 камиони со помош во изминатите два месеци, и дека Израел е подготвен да помогне во реализација на воздушни достави на помош.
МИА
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија