Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
Расте интересот за имунизација со ХПВ вакцина. Според д-р Дијана Коцева Миланова ова се должи на подигната свест кај граѓаните за бенефитите од овој тип на вакцинација. Последната години се видливи резултатите од работата на здравствените работници во делот на едукација на населението.
-Ние аплицираме девето валентна ХПВ вакцина која штити од 9 најризични типови на вирусот. За пофалба е навистина зголемената свесност за бенефитот на овој тип вакцина, бидејќи таа е значајна алка во борбата против карциномот на грлото на матката. Во развиените земји, каде одамна се аплицира, речиси и да нема заболени жени од карционом на грло на матка, изјави д-р Дијана Коцева - Миланова, педијатар, Здравствен дом – Штип.
Хуман папилома вирусот е најчесто пренесувано полово заболување, а новиот стил на живеење ја наметнува потребата од навремена имунизација. Инфекцијата често поминува асимптоматски, што значи дека партнерот и без да знае може да ја пренесува на други лица. Затоа е препорачана вакцинација за двата пола.
-Од мината година не само кај девојчината, туку во нашиот календатр за задолжителна имунизација се воведени и машките деца и е задолжителна и за девојчи и машки над 12 години, додаде Коцева – Миланова.
Во однос на имуницацијата на децата од пред училишна и училишна возраст со сите типови на вакцини, според последниот извештај, во првата половина од годината вакцинирани се 90% од децата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар