Македонија
4. August 2025 - 12:16
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министрите за одбрана и за спорт Владо Мисајловски и Борко Ристовски поставија камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.
Инвеститор на овој проект е министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари. Спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на министерството за одбрана, за тренинг на питомците на воената академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.
-->
-->