Македонија
4. August 2025 - 17:22

Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени

Земјотрес со епицентар во подрачјето Тетово - Гостивар, 39 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.7, е регистриран попладнево во 16 часот и 14 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

 

МИА