Македонија
13. August 2025 - 13:53

Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 04.07.2025, пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.