Македонија
21. August 2025 - 16:39

Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри

Премиерот не ја исклучува можноста новите правила на ДИК за независни кандидатури да предизвика хаос на локалните избори. Ако се случи масовна појава, ливчето може да биде долго и до 8 метри а тоа да ги обесхрабри граѓаните да гласаат. Премиерот предупреди дека Владата ќе мора да интервенира ако изборниот процес пропадне. 

За имињата на останатите кандидати и носители на советнички листи ВМРО ДПМНЕ се уште е во фаза на анализа и ќе ги објави најдоцна до 5 септември. На прашањето дали се точни гласините дека ќе го поддржат актуелниот градоначалник на Општина Центар, Мицкоски рече вистината многу брзо ќе излезе на виделина. 

Измените на законот засега се на пауза, додека политичките партии продолжуваат со разговори и различни оценки за одлуката на  ДИК за независните кандидати. Членовите на ДИК во петок ќе одлучуваат за упатството за бројот на советници во советите на општините и градот Скопје, со мнозинство гласови, по што и конечно ќе се знае колку долго може да биде гласачкото ливче кое ќе го заокружуваат гласачите.