Македонија
23. August 2025 - 13:41

Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид

На 22.08.2025 во 16:50  часот во СВР Охрид, Е.А.(45) од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14) од Струмица. 

Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, според пријавеното, тој се сомнева дека неговата ќерка сама отишла во Скопје затоа што немала пари кај неа, односно дека била измамена од лицата и на тој начин била однесена во Скопје.

По преземени мерки и активности малолетничката била пронајдена во Скопје, а поради сомнение дека го сторила делото, на 22.08.2025 околу 22.30 во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б.(20) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.