Македонија
18. September 2025 - 16:32
Одложено судењето за тепањето млади фубалери
Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето за 43-годишниот родител кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу Шкупи и Брегалница, но судењето се одложи бидејќи неговиот адвокат побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предмет, но и симултан превод во текот на целиот судски процес.
Судењто е закажано да продолжи на 29ти септември.
-->
-->